Манчини: Само да го пребродиме декември, се ќе биде полесно потоа

Италијанскиот селектор Роберто Манчини не беше задоволен по победата од 2-0 против Унгарија, со која неговата репрезентација се пласираше на Фајнл-фор турнирот во Лигата на нации.

Дури и по ваквиот исход во Лигата на нации, Манчини сепак жали што неговата селекција го пропуштила Светското првенство во Катар, кое ќе се игра во ноември и декември оваа година.

„Важно е што влеговме на фајнл-фор втор пат по ред. За жал, не можеме да побегнеме од фактот дека не сме на Мундијалот. Само да го пребродиме декември, се ќе биде полесно потоа“, изјави Манчини.

Ф4 во Лигата на нации ќе се игра во јуни следната година.

Се вчитува...