Манџукиќ ’на тапет’ кај Алегри: Хрватот ја „изгоре манџата“

Јувентус имаше водство од 3-1 против Парма, но во финишот дозволи да прими два гола и ја испушти победата. Тренерот Масимилијано Алегри е бесен на фудбалерите, а најмногу критики доби Марио Манџукиќ. Хрватот во последните секунди сакаше да ја умтрви играта кај корнер знаменцето, ја чуваше топката, но ја загуби, се отвори противнапад за Парма, а Жервињо ја казни „старата дама“.

„Недозволиво е да примиме три гола на домашен терен. Тоа значи дека воопшто не мислиме на одбраната. Моравме да бидеме помудри, а ние направивме огромни грешки. Не може со таков став да се игра во 93.минута, Манџукиќ не смееше лесно да ја загуби топката. Подобро е да ја шутнете во аут, отколку да им отворите контранапад на противниците“, реагираше тренерот на Јувентус.

 

Се вчитува...