Манџукиќ не сака да игра со Хамшик

Марио Манџукиќ дефинитивно ќе ја доврши оваа сезона во дресот на Јувентус, откако хрватскиот ас одби мегапонуда за преселба во далечната Кина.

Весникот „Кориере ди Торино“ објави дека челниците на Далијан по трансферот на Марек Хамшик од Наполи амбициозно тргнале и по „Супер Марио“, нудејќи му на голгетерот на Јуве тригодишен договор за плата од десет милиони евра по сезона. Сепак, преговорите траеле многу кратко бидејќи Манџукиќ веднаш се заблагодарил на понудата, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да си замине од Јувентус.

Намерата на Хрватот е јасна, сезонава со Роналдо во тимот да го нападне трофејот во Лигата на шампионите по двете загубени финалиња од Барселона и од Реал Мадрид.

Се вчитува...