Манџукиќ се враќа во составот на Јувентус за дуелот со Парма

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ ја надмина непријатната повреда и се враќа во составот на Јувентус за вечерашниот меч против Парма во Серија А. Италијанскиот првак доживеа елиминација од Аталанта во Купот на Италија, загуби со убедливи 3-0, па ова ќе биде еден важен меч за враќање на самодовербата во редовите на „старата дама“.

Манџукиќ се опорави побрзо од очекувањата. Неговиот камбек беше најавен за првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, но ќе биде во составот веќе на денешниот дуел против Парма во Торино.

Се вчитува...