Манџукиќ во Фиорентина, договор од 3 милиони евра годишно

Марио Манџукиќ се враќа во Италија. По раскинувањето на договорот со катарскиот Ал Духаил, 34-годишниот хрватски напаѓач одлучи да се врати во Европа.

Последните информации говорат дека Манџукиќ има официјална понуда од Фиорентина која е далеку поконкретна од оние досегашните на Рома, Милан и Интер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Фиорентина е блиску до потписот на Манџукиќ кој за ангажманот во Фиренца би добил шест милиони евра за двегодишен договор. На Манџукиќ, наводно, најпрво му се нуди едногодишен договор со плата од три милиони евра и можност потоа истиот да биде продолжен за уште една година.

Се вчитува...