Мане: Имав два избора – Да играм со рака или да завршам во болница!

Синоќешниот меч меѓу Баерн Минхен и Интер немаше резултатска важност, па истиот се играше за публика. Баварците имаа цел да остварат максимален учинок во групата, а Италијанците да се реваншираат за поразот од Милано.

Еден од спорните моменти се случи на почетокот на натпреварот, откако по удар на играч на Интер, топката заврши во раката на Мане. Многумина очекуваа најстрога казна за Интер, сепак словачкиот судија Крузлиак по ВАР прегледите реши да не покаже на белата точка. По натпреварот и Мане се огласи за ваквиот потег.

„Тоа беше силен удар, има два избора … да се одбрана со рака или да завршам во болница. Мислам дека е дозволено да се користат рацете за заштита на лицето. Значи тоа не беше пенал“, изјави Мане.

Инаку, дури 15 камери го снимиле спорниот детал од кој се гледа дека Сенегалецот играл со рака. Овој момент се случи при резултат 0-0, а потоа германскиот тим постигна два гола за нова победа во групната фаза во ЛШ.

 

 

Се вчитува...