Новиот играч на Баерн Минхен, Садио Мане откри интересен детал кој се случил на Африканскиот Куп на Нации. Тој истакна дека потпишал договор за одговорност доколку умре.
Мане доби повреда на главата после сударот со голманот на Зеленортските острови во осминафиналето, по што беше заменет. Сенегал победи и мина во 1/4 финалето, но Мане не знаеше дали ќе настапи во понатамошниот тек од првенството.
Неговиот тогашен клуб Ливерпул правел жесток притисок врз сојузот да одмора, но Сенегалецот не сакал да чуе и бил подготвен дури и да го ризикува животот.
„Кога се повредив, Ливерпул вршеше притисок на сојузот и напиша писмо дека треба да одморам најмалку пет дена. Тие правила мораа да се почитуваат. Го повикав претседателот на сојузот и му реков дека мораме да разговараме“, рече Мане.
Бил подготвен да потпише договор дека доколку се случи смрт, тој лично ќе биде одговорен, но на крајот лекарите му дозволиле да настапува.
„Знам дека не требаше да играм барем на еден меч, но добро е што имавме договор. Тоа ќе биде моја одговорност. Ако умрам, тогаш јас сум виновен“, додаде поранешниот играч на Ливерпул.
На крајот Мане излезе херој на нацијата, откако го постигна последниот пенал во финалето против Египет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА