Мане се сели во „кралскиот клуб“ и тоа за смешна сума!?

По само една сезона во Баерн Минхен, Садио Мане би можел да го напушти клубот откако не ги оправда очекувањата но беше и протагонист во инцидентот по мечот од Лигата на шампионите против Манчестер сити, поради што не е многу пожелен во клубот.

А, како негова идна дестинација се наведува Реал Мадрид, прв кој се интересира за поранешниот офанзивец на Ливерпул.

Реал Мадрид сериозно го разгледува доведувањето на Мане на „Сантијаго Бернабеу“. Од друга страна Баерн е подготвен да го продаде за 30 милиони евра.

Реал е во потрага по централен напаѓач по заминувањето на Карим Бензена и Мариан Диаз, а меѓу желбите е и Хари Кејн. Тука е Мане кој, и покрај тоа што разочара во Баерн, се уште е еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Се вчитува...