Манев со порака до ривалите: Шкендија ќе биде уште посилна

Јован Манев експресно се адаптираше во таборот на Шкендија Тетово, македонскиот репрезентативец е стандарден во дефанзивната линија на актуелниот вицепрвак и меѓу најзаслужните што одбраната на тимот на Положани функционира беспрекорно на последните натпревари.

„Тука сум еден месец, но се чувствувам како да сум цела година. Благодарност до сите во клубот на дочекот, беспрекорно сум примен од соиграчите, тренерите, навивачите… затоа и настојувам да дадам 100% од себе на секој натпревар на Шкендија“, истакна Манев.

Тетовци ја стартуваа сезоната со пет победи во низа, но Манев верува дека најдоброто од Шкендија допрва следи.

„Почнавме многу добро, се наоѓаме во победничка серија, но нема никакво опуштање, ниту на тренинзите, ниту на натпреварите. Напротив, продолжуваме со напорна работа бидејќи веруваме дека Шкендија може да игра уште подобро. Го почитуваме секој противник, во секој меч влегуваме стопроцентно и ќе сториме се за оваа серија да продолжи“, порачува македонскиот репрезентативец во редовите на Шкендија.

Следен предизвик за лидерот на табелата е домашниот дуел со Тиквеш, меч закажан за утре со почеток во 19 часот.

Се вчитува...