Маниќ е нов претседател на Пливачката федерација по оставката на Александар Маленко

Александар Маниќ е нов претседател на Пливачката федерација на С. Македонија.

Маниќ е избран на Генерално собрание одржано изминатиов викенд во Скопје откако претходно досегашниот прв човек на ПФСМ, Александар Маленко, се повлече од функцијата поради нови работни обврски во Европската пливачка федерација (ЛЕЈ). Тој во иднина ќе ја извршува функцијата извршен директор во технички комитет за далечинско пливање.

За генерален секретар на ПФСМ е поставен Владимир Пејковски, додека селекторската функција ќе ја извршува Методија Ангелески.

Изборот на новото раководство беше проследен и поздравен од претставници на Светската пливачка федерација (ФИНА), како и од првите луѓе на ЛЕН.

Се вчитува...