Манолас доби суспензија од ФИФА поради „местење на жолти картони“

Грчкиот репрезентативец Костас Манолас е суспендиран на еден натпревар и ќе го пропушти првиот меч од баражот за СП 2018 против Хрватска, затоа што се обиде да манипулира со жолтите картони. Тој во 90.минута донил жолт картон поради одолговлекување на време, и потоа автоматски го пропуштил последниот меч од квалификациите против аутсајдерот Гибралтар, за да му бидат избришани картоните пред баражот за мундијалот.

Но, откако тоа го увиде ФИФА, сега тој си направи поголем проблем. Грција ќе гостува во Хрватска на 9 ноември, а Манолас нема да игра на првиот меч. Реваншот е три дена подоцна во Грција.

 

Се вчитува...