Мануел Нојер проговори за иднината во Баерн Минхен

Актуелниот договор на Мануел Нојер со Баерн Минхен истекува следното лето, но германскиот првак не сака да ризикува и уште летово ќе се обиде да го потврди останувањето на одличниот голман на уште неколку сезони.

Нојер очигледно не е расположен за менување на средината и сака да остане во Минхен, па и самиот ги инфомираше фановите дека засега работите одат во позитивна насока.

„Преговорите се движат во позитивна насока. Го имаме цело време на светот. Дали работите изгледаат добро? Дефинитивно“, изјавил Нојер за телевизијата „ДАЗН“.

Инаку, Баерн веќе му го продолжи договорот на Томас Милер, додека засега не е јасно што ќе се случува со преговорите со Роберт Левандовски.

Се вчитува...