Контроверзниот Диего Марадона прави нов чекор во „номадската“ тренерска кариера откако се договoри да седне на клупата на мексиканскиот клуб Дорадос кој е дел од втората дивизија.
Договорот со Марадона кој претходно беше тренер на Ал-Фуџаирах во Обединетите Арапски Емирати, а беше и претседател на Динамо Брест, клубот го потврди во соопштение на официјалната интернет страница.
„Имаме чест да објавиме дека Диего Марадона е нов тренер на нашиот клуб“ – стои во соопштението.
За аргентинската фудбалска легенда ова е прв тренерски предизвик во родната земја.
Дорадос е формиран во 2003 година, а најпознато име кое било на некаков начин поврзувано со клубот, пред именувањето на Марадона, е Пеп Гвардиола. Тој во 2006 година минал шест месеци во екипата пред да ја заврши кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА