Фудбалската федерација на Аргентина во понеделникот прогласи крај на сезоната поради пандемијата на коронавирусот. Испаѓање од лигата нема да има во следните две години, одлука што најмногу им одговара на клубовите кои се најдоа во опасната зона, меѓу кои е и Гимназија ла плата која од клупата ја предводи легендарниот Диего Армандо Марадона.
„Тоа што ни се случи многу го нарекуваат „Втора божја рака“. Но, јас барам таа божја рака да ја заврши пандемијата како би можеле да се вратиме на нормалниот живот, сите здрави и среќни“, изјави Марадона.
Во Аргентина досега се потврдени 4.127 случаи на Covid-19, а 214 лица го загубија животот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА