„Маратонско“ дерби во Тетово полно со инциденти: Шкендија промаши пенал, но обезбеди место во Европа (ВИДЕО)

Тетовска Шкендија пропушти голема шанса со триумф да го „брка“ второто место на Академија Пандев во последното коло, и одигра без голови 0-0 против Шкупи, во натпревар полн со тензии, со многу прекини, продолженија, со многу мешаници, гужви, каменувани играчи на чаирчани и помошникот судија.

Дуелот почна со инцидент откако беше погоден голманот Иљази. Потоа погоден и резервниот играч Илјази на клупата. Фрлени хартиени ленти на терен, кои требаше да се чекаат да се тргнат. Погоден и помошникот судија, по што постоеше опасност натпреварот дури и да биде прекинат.

Но, откако главниот судија Ставрев разговараше со двајцата тренери Седлоски и Шаќири, одлучи дербито да продолжи, а највозбудливиот момент што се однесува до фудбалот, се случи во 97. минута од средбата кога Шкендија од пенал имаше голема шанса да дојде до трите бода.

Сепак, ударот на Дориев го одбрани голманот Илјази, а пеналот беше направен токму над Дориев откако на аголот од шеснаесетникот беше фаулиран од страна на Сенгор.

И така после продолжение од 15 минути, Ставрев отсвири крај, по што сега се познати првите три екипи во првенството. Шкупи првопласиран, Академија Пандев втора, Шкендија на третото место, и тоа се екипите кои преку табелата ќе ја преставуваат Македонија во Европа. Тетовци имаат три бода пред Македонија ЃП, но и три победи во меѓусебните дуели, па така немаат никакви шанси да бидат престигнати на табелата.

Четвртиот преставник во Европа ќе се знае по финалето на Купот помеѓу Силекс и Македонија ЃП.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...