Мареј: Не сум сигурен, но можеби имав коронавирус

Најдобриоти британски тенисер на сите времиња Енди Мареј не ја исклучува можноста во месец март да бил заразен од коронавирус. Тој не бил тестиран, но како што вели можно е да ја прележал тешката болест.

„Пред четири недели се чувствував многу лошо два три дена. Неколку дена пред карантинот решив да се изолирам. Многу луѓе со кои разговарав во тој момент велеа дека имаат симптоми, но никогаш не дознавме дали бевме заразени или не“, изјави Мареј. 

Трикратниот грен-слем шампион смета дека тенисот веројатно ќе биде еден од последните спортови кои ќе се врати, бидејќи тие мора секоја недела да патуваат.

Се вчитува...