Мареј: Со Новак имам добар однос, но она во Задар беше несериозно

Најдобриот британски тенисер, Енди Мареј вели дека тенисерите кои беа дел од „Адриа тур“ не се придржуваа кон правилата, нешто што во ова тешко време за светот е навистина несериозно.

„Секогаш сум имал одличен однос со Новак. Во поглед на тоа што се случуваше на „Адриа тур“, искрено не изгледаше добро. Кога живееме во вакво време, важно е најдобрите тенисери во светот да покажат дека ситуацијата мора да се сфати сериозно. Да се почитуваат мерките за социјална дистанца и се друго што е предвидено. Меѓутоа таму имаше неколку тенисери кои не ги почитуваа воопшто препораките, што не дава убава слика за нашиот спорт. Се надевам дека на крај сите ќе научиме нешто од ова, бидејќи тениската сезона сигурно нема да се врати доколку продолжат вакви работи“, изјави Мареј. 

Мареј неделава треба да биде дел од егзибициски турнир во Велика Британија.

Се вчитува...