Енди Мареј е на иста линија со Рафаел Надал околу евентуалниот почеток на тениската сезона. И Британецот смета дека тенис нема да се игра во догледен период. Тенисот е во прекин од март па најмалку до средината на јули. Првпат по Втората светска војна е откажан Вимблдон.
„Спортот им недостига на сите и на оние што сакаат да го гледаат и на нас спортистите. Тоа е забава и нешто во што уживаат многумина. Кога го нема подолго време, луѓето сфаќаат колку го сакаат спортот. Но, затоа што е тешко без спорт, не значи дека треба да се брза. Треба да бидеме фокусирани на враќањето на нормалните животи и на вообичаените работи. Јас не сум експерт, но мислам дека проблем ќе биде ако се пребрза и се дозволат патување со што би се направил втор бран на вирусот“ – вели Мареј.
Мареј кој долго се мачи со повреди, дури и во еден момент најави и комплетно повлекување од теренот, требаше да се врати на Мастерсот во Мајами кој беше предвиден за минатиот месец. Тој иако е нетрпелив да игра тенис сепак потенцира оти враќањето на нормалниот живот е прв приоритет. Пред неколку дена и Рафа Надал даде слична изјава велејќи дека враќањето на тенисот ќе оди бавно и ќе биде меѓу последните спортови со оглед на комплицираноста на организацијата на турнирите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА