Марио Балотели ќе игра во Серија Ц?

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели би можел следната сезона да игра во Серија Ц, откриваат медиумите на Апенините. За него се интересира третолигашот Комо и му понуди да го засили тимот за наредната натпреварувачка сезона. Комо има нагласени амбиции да се врати во Серија Б, а Балотели би бил спектакуларно засилување.

Во овој клуб своевремено играл и легендарниот италијански напаѓач Паоло Роси, исто како и Марко Тардели, Пјетро Вјерховод, Марко Симоне…

Балотели оваа сезона настапуваше за Бреша, но поради непрофесионалниот однос и лажно пријавување на повреда за да не се појави на тренинг при пандемијата од коронавирусот, тој доби раскин на договорот.

Се вчитува...