Марио Балотели по стапките на Ѓорѓи Христов

Марио Балотели конечно би можел да најде нов клуб. Како што пренесуваат англиските медиуми, Италијанецот е во преговори со Барнсли, тим кој се натпреварува во Чемпионшип. Балотели е слободен фудбалер откако во јуни го раскина договорот со Бреша.

Меѓутоа веројатно е дојден крајот на неговите маки, бидејќи Барнсли би сакал да го види во своите редови. Тој во два наврати беше дел од англискиот фудбал. Прво настапуваше во Манчестер Сити, тим со кој ја освои Премиер-лигата во 2012 година, а потоа еден период играше и во Ливерпул.

Во Барнсли треба да биде главниот фудбалер во борбата за опстанок на клубот во Чемпионшип. За тимот на Барнсли своевремено настапуваше и македонскиот репрезентативен голгетер Ѓорѓи Христов.

Се вчитува...