Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња цврсто одлучи да го напушти Реал Мадрид ова лето, поради што сам ќе ја плати клаузулата од својот договор. По сезона без освоен трофеј, која во ниту еден поглед не беше успешна за „кралскиот клуб“, хрватскиот кошаркар одлучи да ја промени средината.
Кога Хезоња го потпиша повеќегодишниот договор, важна ставка беше клаузулата што му овозможува заминување во НБА по завршувањето на сезоната.
Во понеделникот, Хезоња ги извести челниците на Реал Мадрид дека ќе ја активира клаузулата и ќе замине во НБА лигата, а шпанскиот весник „Марка“ пишува дека предвидените 875.000 долари ќе ги плати хрватскиот кошаркар.
Инаку, ова е максималниот износ што еден НБА тим го плаќа за слободата на играчот, а бидејќи кошаркарот од Дубровник нема конкретен договор со ниту еден тим, одлучи сам да го плати излезот од постоечкиот договор.
Неговата желба е да се врати во Соединетите Американски Држави, а тамошните клубови се импресионирани од неговиот напредок и се подготвени да му понудат нова шанса, со оглед на тоа што тој своевремено беше петти пик на драфтот од страна на Орландо Меџик.
Тој настапуваше и за Портланд Трејлблејзерс и Њујорк Никс, па не треба да изненади ако сега потпише помал договор, со назнаки дека тој би можел да стане побогат и поконкретен во текот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
