ИСТОРИЈА: Марко Џорлев е светски кадетски шампион во карате!

Марко Џорлев е нов светски кадетски шампион во карате откако во дисциплината кумит го освои златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и младинци кое се одржува во Бјeлско Бјала, Полска.

Џорлев постигна историски успех доаѓајќи до златото во категоријата до 63 килограми. Во финалето славеше против Унгарецот Адам Ваги со 4-1, а претходно беше подобар и од Алехандро Перез (Куба) , Хозе Андрес Гарсија (Гвајана), Леонс Акоповс (Летонија) и Јан Мата (Панама).

Македонскиот каратист годинава го освои златниот медал во Светската младинска лига во Пореч и е прв на ранг-листата на ВКФ, а на ЕП беше петти.

Утре Реџеп Рушити (-84 кг) во У-21 ќе се бори за бронзениот медал.

На Светското првенство настапуваат 2022 каратисти со 1970 натпреварувачки влезови од 114 држави од светот.

ПАТОТ НА ЏОРЛЕВ ДО СВЕТСКАТА ТИТУЛА
КАДЕТИ (ДО 63кг.)
Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6
Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1
Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Летонија) 6-0
ПОЛУФИНАЛЕ
Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0
ФИНАЛЕ
Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1

Се вчитува...