Македонскиот офанзивец Марко Ѓорѓиевски одлучи да се раздели со романскиот прволигаш Херманштат.
26-годишниот Ѓорѓиевски, по испаѓањето на екипата во понизок ранг, во новата сезона ќе има нов клуб.
Според последнте информации има понуди за продолжување на кариерата во Романија, каде претходно беше дел и од екипата на Клуж.
Во својата кариера македонскиот напаѓач, играше и за Силекс, Брера, Шкупи, Борец и Вардар, а беше дел и од Вождовац и Раднички Пирот во Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
