Марко Ливаја е протеран од подготовките на Хајдук во Блед порано од планираното и ќе се врати во Сплит, објави сплитскиот клуб на својата официјална веб-страница.
„Белите“ објавија дека причината за ова е прекршување на дисциплинските правила на клубот. Клубот не објави за што точно станува збор, но далматинскиот портал дозна што се случило.
Според тој медиум, тимот на Хајдук синоќа имал тим билдинг, а по победата на Хрватска над Гана, дел од играчите, осуммина од нив, решиле да одат да се напијат и да наздрават пред спиење. Наводно, тоа не траело долго, но клубот дознал за истото, што не било добро прифатено од спортскиот директор Роберт Граф.
На денешниот тренинг, Гонзало Гарсија одлучил да го казни тој дел од играчите со трчачки тренинг, со трчачки кругови, што не му се допаднало на Марко Ливаја. Тој влегол во вербален конфликт со Гарсија и Граф, а тоа било толку жестоко што тие одлучиле дека Ливаја мора да ги напушти подготовките.
„Марко Ливаја ќе ги напушти подготовките во Блед порано од планираното и ќе се врати во Сплит. Оваа одлука е донесена поради кршење на дисциплинските правила на клубот и непочитување на правилата утврдени од клубот за време на подготовките. Марко е непроценлив за клубот, навивачите и сите што го сакаат и живеат во Хајдук. Оваа одлука е донесена само со еден интерес – Хајдук на прво место. Секогаш и засекогаш. Ќе ја информираме јавноста за понатамошните одлуки навремено“, се вели во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
