Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски.
Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор со едни од најдобрите македонски ракометари, Марко Митев откри и дека пред да му се случи онаа крајно несакана повреда, имаше две извонредни понуди од европски гиганти.
Едни од најдобрите светски клубови, полски Кијелце и германски Магдебург ги сакаа неговите услуги, но….
„Пред да се повредам имав понуди од два од топ пет клубови во светот. Имав сериозни преговори со Кијелце, тоа беше пред да се повредам. Ако јас се прашував, сигурно ќе отидев. Сакав да отидам. Знам дека да отидев ќе се борев таму и ќе успеев да направам нешто. Бев сигурен во себе. Јас сакав да отидам, но ете, имав договор тука уште две сезони, и по разговори со нашиот клуб не ми беше одобрено да отидам, што е и нормално, зошто тука имав уште две години договор. Можеби не сакаа да ме пуштат и од нивни страв од претходно што се случувало со други примери на наши репрезентативци, да не пропаднам таму. Ги разбирам и нив“ – вели Митев и дополнува:
„После имав уште една понуда, имав од Магдебург на полусезона после Светското првенство во Хрватска што се играше. Одма во јануари дојде и од таму понуда, но за таа понуда и не бев сигурен да отидам зошто знам каква лига е тоа и каков клуб. За една полусезона не знаеш што можеш да направиш таму. Не знам колку ќе се изборев да играм таму, и тоа не ми беше толку приоритет да отидам… После тоа нели ми се случи повредата и оттогаш не сум имал директни преговори со клубови, но имам понуди за странство и сега… Сепак, имам уште една година тука договор, па ќе видиме понатаму што ќе биде“.
ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
