Марко Ројс се сели на „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед до крајот на зимскиот трансфер рок може да стигне до сензационален потпис со Марко Ројс, пренесуваат англиските медиуми. Агентите на германскиот репрезентативец веќе воделе разговори со раководството на „црвените ѓаволи“ и нема да биде изненадување доколку во следните денови пристигне и официјална понуда.

Договорот на Ројс со Борусија Дортмунд истекува на крајот на сезоната, но 33-годишникот е подготвен за промена на средината веќе во следните две недели.

Ројс најголемиот дел од својата кариера ја помина во дресот на Борусија Дортмунд. Тој е дел од клубот од 2012 година, досега одигра 368 натпревари, а постигна 158 гола и 118 пати асистираше до своите соиграчи.

Се вчитува...