„Милионерите“ убедливи за доближување на шест бода до Баерн Минхен (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд дојде до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Унион Берлин во 22. коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ со два гола на Марко Ројс уште во првото полувреме го најавија триумфот. Првиот го постигна во 18. минута, а потоа веќе во 25. минута стрелаше и за 0-2.

Во 71. минута Гуереиро погоди и за конечни 0-3, со кои Борусија Дортмунд сега со 46 бода е на шест бода од водечкиот Баерн Минхен.

Се вчитува...