Марко Розе доби отказ од Борусија Дортмунд

Марко Розе доби отказ од Борусија Дортмунд, потврдија денеска од Бундеслигашот. Росе на клупата на „милионерите“ дојде на стартот на сезоната, но не успеа да ги задоволи барањата на раководството и навивачите.

Иако тимот од „Сигнал Идуна“ парк заврши на второто место на првенствената табела зад Баерн Минхен, сезоната без трофеј си го направи своето, а најголем виновник за тоа е токму тренерот. Борусија Дортмунд и покрај тоа што го имаше Ерлинг Халанд во тимот, не успеа да ја одбрани титулата во германскиот куп, а годинава покрај елиминацијата во групите од Лигата на шампионите, доживеа и брза елиминација во Лигата на Европа од Ренџерс.

 

Се вчитува...