Марко Верати „во аут“ до крајот на сезонава

ПСЖ на гостувањето против Рен загуби два значајни бода во трката за титулата, а згора на тоа Маурицио Покетино остана без уште еден клучен играч.

Марко Верати веќе подолго време се мачи со повреди, но состојбата на италијанскиот плејмејкер е загрижувачка. Тој има проблем со десното колено, а деталните прегледи покажале истегнување на лигаментите. Препораката е пауза од најмалку три седмици, што значи дека тој ќе ги пропушти преостанатите две средби од француското првенство, како и полуфиналето од Купот на Шпанија против Монпелје закажано за утре.

Верати се надева дека ќе биде „фит“ до крајот на месецов, по што би можел да ги одработи подготовките со италијанската репрезентација и да настапи за „аѕурите“ на ЕВРО 2020.

Се вчитува...