Марко во нова мисија: Пејчиновски денес плива за децата со ретки болести

Како што беше најавено во изминативе денови, Марко Пејчиновски денеска го започна пливањето посветено на децата со ретки болести во 07:18 часот, на патеката Охрид-Струга-Охрид.

Претходно, Марко направи уште еден подвиг, откако преплива од Охрид до Св. Наум на 3-ти јули во чест на празникот посветен на „Преподобен Наум Охридски Чудотворец“ кој се празнува на тој ден, и стана најмладата личност која ја препливала оваа патека за време од 7 часа и 15 минути.

„На 04-ти септември, во сабота, ќе е моето трето препливување оваа година. Овој пат ќе пливам од Охрид до Струга и назад до Охрид. Ова препливување го посветувам на Децата со ретки болести”, напиша Марко на фејсбук профилот.

За потсетување, Марко во 2018-та година за девет часа го преплива Охридското Езеро, а наредната година пред себе си постави цел да исплива 64 км долж Охридското Езеро со цел да ја подигне свеста за лицата со ретки болески. Ова пливање беше прекинато по 12 километри поради болки како резултат на болеста со која се соочува, инфаркт на долните екстремитети.

 

 

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum