Турскиот гигант Фенербахче подготвува понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се врати на „Олд Трафорд“ по едногодишната позајмица во Барселона.
Интересот од Истанбул доаѓа откако каталонскиот клуб не ја искористи опцијата за целосен откуп на неговиот договор, па англискиот репрезентативец повторно е дел од составот на „црвените ѓаволи“.
Според пишувањата на „САН“, Фенербахче е подготвен да вложи сериозна сума за да го доведе Рашфорд во Турција ова лето. Претставници на клубот од Истанбул веќе стапиле во контакт со агентите на 28-годишниот фудбалер.
Раководството на Фенербахче е подготвено да го поддржи новиот тренер Исмаил Картал во обидот да го засили тимот и да ја прекине доминацијата на градскиот ривал Галатасарај во домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
