Марота: Не е проблемот во Спалети

Генералниот менаџер на Интер, Џузепе Марота, ги отфрли гласините дека клубот подготвува раскин на договорот со тренерот Лучијано Спалети. Тој истакна дека стратегот не е најголемиот проблем на клубот од „Џузепе Меаца“.

„Тренерот воопшто не е наш проблем. Тој си ја врши работата најдобро што може. Ни недостигаа осум фудбалери, а не само Икарди. Не сме среќни што сме елиминирани од Лигата на Европа, но мораме да гледаме напред и да се фокусираме на дербито со Милан. Треба да оствариме многу цели со нашиот тренер, да се пласираме во ЛШ за следната сезона“, изјави Марота.

Интер осум години по ред останува без трофеј, откако доживеа елиминација од Ајнтрахт Франкфурт во осминафиналето на Лигата на Европа.

 

 

Се вчитува...