Марота не простува: Спалети си оди, седум фудбалери на трансфер-листа

Интер повторно е во криза, а елиминацијата од Купот на Италија би можела да му пресуди на тренерот Лучијано Спалети, кој се соочува со сериозна опасност да добие отказ во наредниот период. Причината не е толку несреќниот пораз од Лацио, туку фактот дека Спалети реши да влезе во конфликт со директорот Џузепе Марота поради начинот на кој првиот оперативец на клубот се справил со ситуацијата кога Иван Перишиќ побарал да замине од „Џузепе Меаца“.

Перишиќ сега мораме полека да го враќаме во тимот бидејќи е многу паднат на психолошки план. Не беше паметно на новинарите да им се открие дека побарал да си замине“ – јавно истакна Спалети.

Марота останува цврсто на своите методи на работа и не трпи критики, а одлуката за разделба од Спалети е веќе донесена во консултација со највисокото раководство на клубот. Проблем е што неговиот фаворит за нов тренер, Антонио Конте, е достапен за ангажман дури во јули (се уште е под договор со Челси), па затоа Спалети би можел да остане до крајот на сезонава, чувајќи го местото за Конте. Сепак, во случај на нов „кикс“ во домашното првенство екс-тренерот на Рома нема да го дочека ниту крајот на сезоната, туку експресно ќе биде отпуштен.

Воедно, составена е и трансфер-листата одиграчи што се очекува да бидат продадени во текот на летниот преоден рок. На врвот е миленикот на Спалети, Раџа Наинголан, заедно со него се очекува да си замине и Перишиќ, како и Галјардини и Кандрева. Дефанзивецот Миранда исто така е на излезна врата заедно со ветеранот Борха Валеро, а одлучена е и судбината на Шиме Врсаљко, кој се враќа во Атлетико Мадрид откако не ги оправда очекувањата на „нероаѕурите“.

Дополнително ќе биде донесена одлуката за Соареш, кој пред неколку дена стигна од Саутемптон, како и за Кеита Балде од Монако, чии позајмици истекуваат на крајот од годинава.

Договорено е доаѓањето на Диего Годин како нов командант на одбраната, како и трансферот на Родриго Де Паул од Удинезе, а главна цел на Марота во текот на летниот преоден рок ќе биде ангажманот на Киеза од Фиорентина и на Барела од Калјари, за што „нероаѕурите“ имаат вкупно 120 милиони евра на располагање.

Се вчитува...