Марсел Хиршер е трет на вечната листа според бројот на победи во Светскиот куп

Бранитиелот на титулата во Алпскиот светски скијачки куп, Австриецот Марсел Хиршер е непобедлив и во паралел-велеслалом. Тој денеска славеше на ноќното натпреварување во италијанската Алта Бадија во дисциплината која од оваа сезона се бодува за светскиот куп.

За Хиршер ова беше 62. победа на трките од најсилната конкуренција со што се израмни со Анемари Мозер-Прел на третото место на вечната листа според бројот на победи во Светскиот куп.

Пред него се само Линдѕи Вон која има 82 победи и Ингемар Стенмарк кој има 86 триумфи.

Се вчитува...