Марсело е загубен за Реал Мадрид до крајот на Ла Лига

Реал Мадрид го загуби бразилскиот интернационалец Марсело до крајот на сезоната. Денешните тестови покажаа дека левиот бек има сериозно истегнување на бутниот мускул на левата нога и поради тоа ќе го пропушти финишот од Ла Лига.

Вообичаениот период за опоравување од ваков вид повреда е околу три седмици, а Ла Лига завршува за десет дена. Ова секако се дополнителни проблеми за тренерот Зинедин Зидан во ионака тенката одбрана на „кралевите“.

Битката на Марсело сега е да се обиде да се опорави за реваншот против Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Се вчитува...