Мартин Фуркад триумфално ја заврши кариерата

Со победа во финскиот Контиолахти, на истото место кад што го имаше првиот тирумф во Светскиот куп, легендарниот француски бијатлонец, Мартин Фуркад, ја заврши кариерата. Тој дојде до 83. успех во кариерата и го предводеше француското трио на подиумот на последната трка во сезоната. Норважанецот Јоханес Тингнес Бе со четвртото место го одбрани Големиот кристален глобус.

31-годишниот Мартин Фуркад е најуспешниот француски олимпиец, има четири индивидуални злата, 13 титули од светските првенства и е рекордер во Светскиот куп со седум Големи кристални глобуси.

 

 

 

 

Се вчитува...