Мартин Касерес се врати во Јувентус

Уругвајскиот интернационалец Мартин Касерес потпиша договор со Јувентус и се врати во Торино. Тој го носеше дресот на „старата дама“ во периодот од 2012 до 2016 година и ја прифати понудата повторно да биде дел од тимот на Масимилијано Алегри. 31-годишниот дефанзивец досега беше член на Лацио и одигра само три натпревари во Серија А оваа сезона. Но, Алегри добро ги знае неговите квалитети и сака да го има во составот како поддршка за одбранбената линија.

Од Јувентус си заминува Мехди Бенатија кој кариерата ќе ја продолжи во Катар, и раководството на клубот веднаш реагираше со ангажманот на Касерес.

Се вчитува...