Мартин Стојанов со два гола донесе победа за Брегалница против Беласица

Штипска Брегалница со 2-1 ја победи Беласица на пријателскиот натпревар кој се одигра во Штип.

Во неофицијален тренинг дуел, зад затворени врати, кој секако се играше без присуство на публика поради пандемијата на коронавирусот, штипјани беа подобар противник на теренот сосема заслужено славејќи со пресврт, благодарение на одличниот крилен офанзивец Мартин Стојанов.

Беласица поведе со голот на Радојчиќ, но брзо следеше израмнување преку Стојанов. Младиот офанзивец на Брегалница со својот втор гол донесе триумф на штипјани.

Се вчитува...