Мартинез е спасителот на Спалети во Интер

Интер ја прекина „црната серија“ од три натпревари без победа, откакоо „нероаѕурите“ вечерва по голема битка славеа во Парма со минимални 0-1, одмаздувајќи му се на овој тим за поразот на „Џузепе Меаца“ во првиот дел од сезонава.

Лучијано Спалети доби „простор за дишење“ со овие три бода, со оглед на најавите дека се подготвува тренерска смена во случај на неуспех во Парма, а најзаслужен за победата е Лаутаро Мартинез. Аргентинецот влезе во игра во 77. минута, а само две минути подоцна одлично се снајде во противничкиот шеднаесетник и го матираше домашниот голман.

Победата е заслужена ако се знае дека Интер имаше многу повеќе од играта, во второто полувреме постигна и гол преку Д’Амброзио што беше поништен со ВАР, а во финишот „нероаѕурите“ промашија уште една стопроцентна шанса кога Брозовиќ го погоди дирекот од голот на Парма.

Се вчитува...