Мартовско лудило: Сагс од половина терен со звукот на сирената за финале на Гонзага (ВИДЕО)

Екипите на Гонзага и Бејлор ќе се сретнат во финалето на НЦАА турнирот. Во првото полуфинале Бејлор стигна до сигурен триумф над Хјустон со 78-59, но вториот полуфинале дуел меѓу УКЛА и Гонзага беше вистински трилер.

Гонзага го доби натпреварот со 93-90 и тоа со тројка постината во последните секунди од половина терен од страна на Џејлен Сагс.

Финалниот меч е закажан за вечерта меѓу понеделник и вторник во 3 часот и 20 минути.

 

Се вчитува...