Легендарниот Холанѓанец се врати на клупата на дебитантот на СП

Холандскиот стратег Дик Адвокат се враќа на селекторската функција во Курасао за да ја предводи репрезентацијата на претстојното Светско првенство во 2026 година.

Според холандските медиуми, 78-годишниот стручњак постигна договор повторно да го преземе националниот тим, откако неговиот наследник Фред Рутен поднесе оставка по притисок од играчите и спонзорите. Адвокат претходно се повлече во февруари поради сериозна болест на неговата ќерка, но по подобрувањето на нејзината здравствена состојба, тој одлучи да се врати.

Со овој потег, Адвокат ќе го собори рекордот за највозрасен селектор во историјата на светските првенства. Токму тој ја однесе оваа карипска островска држава (најмалата земја по население која некогаш се квалификувала на Мундијал) до историски пласман. Курасао ќе дебитира на Светското првенство во Групата Е, каде за противници ги има Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.

Се вчитува...