Леброн Џејмс зборуваше за неговата иднина откако Лос Анџелес Лејкерс беа елиминирани од Оклахома Сити Тандер во четири натпревари. Лејкерси беа поразени од Оклахома Сити Тандер со 110-115 и беа елиминирани од плејофот со вкупно 4-0 во серијата.
Џејмс, кој полека „чекори“ кон 42-годишна возраст, сега се соочува со прашања за неговата иднина во НБА. По натпреварот, Леброн беше прашан што е следно и призна дека се уште нема никакви одговори.
„Не знам, очигледно. Се уште е свежо се по поразот. Не знам што ми носи иднината… Ќе се вратам дома, ќе бидам со моето семејство, ќе разговарам со нив и кога ќе дојде време, ќе знаете што сум одлучил“, рече Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
