Стефанов и Миркуловски за ПРЕСИНГ: „Ако си ја сфатиме сериозно работата – Македонија ќе игра на ново СП!“

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, повторно тема е ракометот, наши гости се претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и легендата на овој спорт во Македонија, Филип Миркуловски.

Со Стефанов и со Миркуловски разговаравме на најразлични ракометни теми, а почетокот беше посветен на предизвикот беше нашата А-селекција, претстојниот двомеч со Словачка за пласман на СП 2027. Најпрво дуел на 14 мај во Словачка, а потоа и реваншот на 17 мај во Скопје.

„Не очекува двомеч со Словачка, во баражот за пласман на Светско првенство, и секако одиме на пласман на Мундијалот, да го оддржиме континуитетот којшто го имавме на сите претходни континентални и светски првенства. Сме во некоја улога на благ фаворит, но тоа не треба да го сфатиме така „здраво за готово“. Напротив, со ладни глави, концентрирани и мотивирани, се надевам дека ќе успееме да извојуваме победа и пласман на СП, и да ја израдуваме уште еднаш Македонија“ – истакна првиот човек на РФМ.

Филип Миркуловски долги години со голем успех го носеше дресот на Македонија, сега повторно е дел од националниот состав, како координатор на сите машки селекции дел од стручниот тим на Кире Лазаров. Тој ќе патува со македонската селекција на гостувањето во Прешов за дуелот со Словачка на првиот меч од баражот за СП 2027, меч во пресрет на кој Миркуловски гласно повикува да не го потцениме противникот.

„Ние сме благ фаворит, но сепак знаеме дека ако потцениме некого знаеме да влеземе во неволја, а не треба да биде така. Спремни сме да го дадеме максимумот против било кој противник, имаме реални шанси за пласман на тоа Светско првенство, но и Словачка гледа свои шанси. Тие го извлекоа „најлесниот противник“, ги избегнаа гигантите и ќе бидат мотивирани, така што мораме да бидеме претпазливи. Селекторот е спремен на тоа, сите сме поминале против вакви ривали, така што – ако ја сфатиме сериозно работата, не би требало да имаме проблем да се најдеме на уште едно светско првенство“, вели Миркуловски за ПРЕСИНГ.

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ И СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...