„Машинеријата“ на Сити не запира: Лесна победа и со Евертон!

Манчестер сити стигна до лесна победа од 1-3 на гостувањето против Евертон во 32. коло од Премиер лигата.

„Граѓаните“ својата задача си ја завршија уште во првото полувреме. Сане во 4. минута донесе водство од 0-1, Габриел Хесус во 12. минута веќе зголеми на 0-2 а Стирлинг во 37. минута заокружи на 0-3. Во вториот дел домашните преку Боласи во 63. минута само го ублажија поразот.

По оваа победа Манчестер сити со 84 бода повторно е на 16 бода разлика од второпласираниот Манчестер јунајтед. На третата позиција е Ливерпул со 66 бода пред Тотенхем кој има 61 бод.

Се вчитува...