Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски не е повеќе дел од Партизани Тирана. Иако договорот му беше до крајот на актуелната сезона, двете страни предвреме ја прекинаа соработката, и во зимскиот преоден рок ќе може да си бара нова средина.
Цветаноски во Партизани дојде во јули 2022 година од тимот на Ѓирмот. Тоа му беше втор интернационален предизвик на крилниот играч. Сезонава одигра 11 натпревари за Партизани, а беше дел од екипата во квалификациите за Лигата на Конференции.
Во минатото настапуваше за Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија ЃП. Беше дел и од младинските селекции на Македонија до 19 и до 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА