Матијашевиќ: Одбојка во Македонија ќе се игра и по овие два натпревари

Македонската одбојкарска репрезентација во комплетен состав ги одработи подготoвките пред гостувањето кај Украина на претпоследниот натпревар од квалiфикациите за пласман на Европското првенство што во септември годинава ќе се одржи во Словенија, Франција, Белгија и во Холандија. На завршните тренинзи пред патувањето во тимот беа и капитенот Никоа Ѓорѓиев кој имаше повреда на коленото, како и Филип Деспотовски кој отсуствуваше порaди болест.

Селекторот Никола Матијашевиќ е свесен за големината на можноста која стои пред неговиот тим, но не прифаќа последните два натпревара од квалiфикациите да бидат одредени како судбински за македонската одбојка.

„Mислам дека одбојка ќе се игра во Македонија и по овие два натпревара, особено ако се квалификуваме, тогаш ќе биде попријатно да се игра. Не би рекол дека е последна шанса, но сигурно е најголема досега. Јас верувам во оваа екипа и верувам дека ќе ја искористиме“ – вели селекторот Матијашевиќ.

Она што е основnа карактеристика на завршницата на овој квалiфикациски циклус се калкулациите околу тоа што му е потребно на македонскиот национален тим за втората позiција во групата која води на еврошампионатот.

„Големи се шансите да бидеме втори, доколку ги добиеме Унгарците кај нас, а потоа треба да бидеме во кругот репрезентации коишто ќе се пласираат врз база на збирот на победи и на бодови. Но, јас на тоа не гледам така. Шансата е добра, но за мене прва приказна е Украина. Наша цел е да ги нападнеме со се и сешто и да добиеме барем еден сет. Украина е најдобра во групата и го покажа тоа со резултатите. А ако добиеме сет, зошто не и два? Ако добиеме два, зошто не и три? Еве, тоа е некоја филозофија за којашто јас мислам дека е вистинска. Ние треба да се бориме за секој сет, па ако може и да го добиеме натпреварот, а ако го направиме тоа, шансите ќе бидат многу големи“ – оптимистички најавува предводникот на националниот тим.

Македонската репрезентација в сабота го игра дуелот против Украина, а следната среда со домашната пресметка против Унгарија го завршува циклусот.

Се вчитува...