Матијашевиќ: Одбојкарите заслужија, сега државата да им помогне, како и на ракометарите

Македонија влезе во Европа и преку одбојката. За првпат во историјата, одбојкарската репрезентација на Македонија се пласира на Европско првенство. Му успеа на селекторот Никола Матијашевиќ да ги одведе одбојкарите до втората позиција во групата Ф во квалификациите, и тоа една од оние „среќни пет второпласирани“ кои водат на континенталниот собир во септември. Среќен е поради големиот успех и се надева на поддршка за одбојкарите.

„Среќни сме, ова е голма работа, голем успех. Одбојкарите се главните виновници. Го заслужија тоа со својот однос, со желбата, со игрите. Имавме среќа и да ни се поклопат коцките, но среќата е секогаш тука кога ќе се одигра со срце. Сега мислам дека и државата треба да ја помогне македонската одбојка, да биде уште подобра на Европското првенство. Овие момци заслужуваат да бидат помогнати, како ракометарите на пример“, изјави селекторот на одбојкарскиот национален тим, Никола Матијашевиќ.

Се вчитува...