Матиќ го одведе Јунајтед во полуфинале

Манчестер јунајтед е вториот полуфиналист во англискиот ФА Куп, по победата од 2-0 што „црвените ѓаволи“ ја забележаа на вечерашниот дуел против Брајтон.

Жозе Мурињо покрај Погба го остави на клупата и Алексис Санчез и тоа вроди со плод, играта на Јунајтед делуваше покомпактно, а во главна улога беше Немања Матиќ. Српскиот ас најпрвин му асистираше на Лукаку при првиот гол за домаќините, пред самиот да ги постави конечните 2-0 со прецизен удар со глава на шест минути до крајот.

Покрај Манчестер јунајтед, досега пласман во полуфиналето од ФА Купот има и Тотенхем, кој денеска славеше на гостувањето против Свонси.

Се вчитува...