Мбапе: Да си одам од Реал? Нема шанса!

Килијан Мбапе дефинитивно го навлече врз себе бесот на многу луѓе во Реал Мадрид по конфликтот што го имаше со тренерот Арбелоа и дел од соиграчите.

На Французинот се гледа како на „труло јаболко“ во тимот на Реал, особено откако синоќа отворено го критикуваше Арбелоа, а од навивачите беше „награден“ со гласни свирежи кога влегуваше во игра на дуелот со Овиедо.

Сепак, Мбапе јасно стави до знаење дека воопшто не размислува за заминување од Реал Мадрид.

„Да си заминам? Од Реал? Зошто? Нема шанса тоа да се случи. Единствената грешка ми е што не помогнав на тимот да освоиме барем еден трофеј, но истото се однесува и на сите мои соиграчи, сите сме подеднакво виновни за тоа. Јас барем имам храброст, застанувам пред камери за сите да слушнат што мислам и што имам да кажам. Не сум како другите кои молчат, па преку медиумите да дознаваме што тие навистина мислат. Се што кажав, стојам зад тоа. Ми се лутат за одморот во Италија? Па јас имав дозвола од клубот за такво нешто. И да се знае – не бев единствениот што ја напушти Шпанија во то период“, порача Килијан Мбапе.

Се вчитува...