Мбапе е „фит“ за реваншот со Манчестер Сити

ПСЖ ќе може со сите сили да му се спротивстави на Манчестер Сити во обид да се реваншира за поразот на првиот меч во Париз, откако Килијан Мбапе ги надмина проблемите со мускулот што го мачеа во пресрет на овој викенд.

Одличниот голгетер го пропушти саботниот дуел со Ленс, но во меѓувреме без поголеми проблеми одработе два индивидуални тренинзи во клупскиот комплекс.

„Оптимист сум околу Мбапе. Конечната одлука ќе ја донесеме пред мечот, но верувам дека тој ќе може да игра во Манчестер“, изјави тренерот Маурицио Покетино.

„Светците“ ќе бркаат негатива од 1-2 по првиот пораз во Париз, а Мбапе ќе мора да се покаже во далеку подобро светло од тој меч, кога не упати ниту еден удар кон голот на Едерсон.

 

Се вчитува...